Чаир го доби „Скендербег“ – еве како ќе изгледа
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донела одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општината Чаир, со што се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот за плошадот.
Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните работи за заокружување на еден од најзначајните проекти за Албанците во Скопје.
„Со одлуката на Владата се отстранува последната административна пречка и се отвора патот за реализација на третата фаза од плоштадот Скендербег. Сега се создадени сите услови многу брзо да почне постапката за јавна набавка и реализацијата на овој значаен проект, изјави Меџити.
Плоштадот почна да се гради во 2012 година.