Цените на горивата остануваат исти


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти согласно одлуката од 17.8.2020 година, додека намалување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 0,323% и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,280 ден/кг.

Од 25.08.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 61,50 (денари/литар)

– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)

– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС 26,280 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 1,352%, намалување на дизелот за 0,365% и на екстра лесното масло за 0,708%, додека кај мазутот има зголемување за 0,361%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,654 %.