Цената на гасот скокна за 20 отсто за пет дена, мегават час на холандската берза ТТФ е над 32 евра


Цената на природниот гас на холандската берза ТТФ во последните пет дена скокна за 20 отсто, на над 32 евра за мегават-час, покажуваат податоците на оваа берза.

Според меѓународната берза ICE, цената на августовските фјучерси на европскиот гас вчера во 10:39 часот изнесуваше 32,220 евра за мегават-час.

На 17 јули цената на гасот беше 25 евра за мегават-час, а цената на овој енергенс се зголемува поради намалените испораки и тешките временски услови.

Како што претходно објавија медиумите, поради високите горештини на југот на Европа, зголемена е побарувачката на струја, што влијае и на цената на гасот.

Алтернативните извори на енергија не можат многу да и помогнат на Европа, бидејќи брзината на ветерот е сè уште мала, а хидроцентралите се загрозени поради сушата.