Цела Македонија во минус, само Гевгелија на 2 степена


Фото: Б. Грданоски

 Насекаде низ земјава утрово се измерени минусни температури, а над нулата е само во Гевгелија со два степена. Најстудено е на Попова Шапка – 10 Попова Шапка, -8 во Маврови Анови, -6 во Крушево и Берово, -4 во Скопје Крива Паланка, Охрид, Тетово и Битола, -3 во Куманово и Прилеп, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Велес и Виница, а -1 во Струмица и Штип.

Во Крушево има снежна покривка од девет сантиметри, на Попова Шапка пет, а во Маврово еден, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.