Цел Холивуд на гала вечерта на Филмскиот музеј во Лос Анџелес (галерија)


Лос Анџелес- Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ на црвениот и розевиот ќилим. Вечерта беше со изразен гламур и луксуз, па такви беа и креациите  – видовме многу елегантни, убави фустани, со потпис на врвни дизајнери и куќи.

Вечерта – третото гала издание на Филмскиот музеј , им оддаде почит на четворица истакнати личности од забавната индустрија: Мерил Стрип. Мајкл Б. Џордан, Опра Винфри и Софија Копола.

Стрип ја доби наградата „Икона“, која се доделува на уметник чија кариера имаше забележително влијание ширум светот; Мајкл Б. Џордан е почестен со наградата Vantage, која се доделува на нов уметник или научник кој работи на предизвик и контекстуализирање на постоечките доминантни наративи околу филмот; Винфри  ја доби наградата „Столб“, со признание за лидерство и поддршка за Музејот на Академијата; Копола ја доби наградата „Визионер“, која се доделува на уметник или научник чии иновации го унапредиле филмот како уметност.

Копретседавачи на вечерта беа Ава ДуВернеј, Хали Бери, Рајан Марфи и д-р Ерик Есраилијан. Еден од најголемите моменти на тепихот беше кога Стрип и Винфри застанаа да позираат заедно, држејќи се за рака за заедничка фотографија.

Погледнете ги најдобрите изгледи на најголемите ѕвезди на Галата на Филмскиот музеј во Лос Анџелес. (Вог)

Били Ајлиш
Бруклин Бекам и Никола Пелц
Леонардо ди Каприо
Дуа Липа во Шанел
Ева Лонгорија во Долче и Габана
Зое Кравиц во Ив Сен- Лоран
Каја Гербер
Кендал Џенер во Фенди
Натали Портман во Диор
Оливија Вајлд
Салма Хаек
Селена Гомез во Валентино
Софија Копола
Хајли Бибер, во Ив Сен-Лоран
Џема Чен во Луј Витон
Џулиан Мур