Бундестагот го зајакнува обезбедувањето – страв од случувања како во Вашингтон


 

Долниот дом на германскиот парламент – Бундестаг сака, по инцидентите во американскиот Конгрес, да го зајакне своето обезбедување.

Можноста се разгледува поради тоа што кон крајот на август активисти против носење маски се обидоа да влезат во зградата.

Претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле денеска изјави дека сака за безбедноста на парламентот да разговара со службенисите на обезбедувањето на парлемантарните групи и со гладските власти на Берлин како и со Министерството за внатрешни работи.

Во средата во Вашингтон, милитантни приврзаниви на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во Конгресот и при тоа загинаа четири лица, а внатрешноста на зградата е делумно оштетена.

„Веќе побаравме извештај од Амбасадата на Германија во Вашингтон за тоа како може да дојде до насилен ексцес во внатрешноста на Капитол Хил“, додаде Шојбле.

Бундестагот е сместен во срцето на берлин, близу Бранденбуршката порта, а на 29 август беше местото каде се собраа противниците на епидемиолошките мерки, но полицајците успеаја да ги спречат да влезат во зградата.