Булачани добива филтер-станица за прочистување на водата за пиење
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Булачани каде што направи увид на градежните работи за изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење.
– Булачани добива филтер станица за прочистување на водата за пиење! Интензивно се работи на изградбата на новата филтер станица за прочистување на водата за пи ње во населеното место Булачани. Вкупната вредност на овој проект изнесува 3.200.000 денари – информира Стефковски.
Со овој проект се овозможува жителите на Булачани да имаат поквалитетна вода за пиење.
– Пред две години кога дојдов за градоначалник на општина Гази Баба затекнав населени места кои немаа чиста вода за пиење. Денес со гордост можам да кажам дека нашата решителност за решавање на децениските проблеми кои ги имаа граѓаните се гледа преку нашите дела. – напиша Стефковски.