Бухова: Конфекциите во Штип не работат, туку им се земаат брисеви на вработените


Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова на прес-конференција соопшти дека Инспекторатот будно ги следи кластерите со заразени во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово.

Таа нагласи дека извршени се 100 тестирања, а во тек се 485 во веќе споменатите правни субјекти.

– Осум решенија издадени на лица по основ позитивни на коронавирус за домашно лекување и самоизолација и 54 решенија за здравствен надзор во Тетово. До овој момент има 70 тестирања од планираните 150. Овие бројки се однесуваат само на позитивните и контактите кои се изолирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во оваа бројка не се кластери од фамилии и други позитивни лица – рече Бухова.

Таа најостро ја демантираше информацијата којашто кружи дека конфекциите во Штип каде што има заразени се уште работат.

-Таму се присутни инспкетори од ДЗСИ. Во просториите на овие конфекции се врши тестирање, се земаат брисеви на вработени и присуството е на таа основа. Апелирам до лицата исклучително да се придржуваат кон препоркаите и да не ги напуштаат домовите и и го повикувам МВР да ги контролира, рече Бухова.