Шест конкретни барања до властите за да запре семејното насилство и да нема повеќе фемициди
„Женски надзор!!!“, „Една за сите“ се дел од пораките кои на легнати транспаренти денеска ги изпишаа насобраните пред македонската Влада, кои протестираа против семејното насилство, особено против насилството што го трпат жените во своите семејства, а неретко завршуваат со смрт.
Во организација на „Ниту една повеќе“, а по фактот дека за една година убиени се седум жени во Македонија, неколку стотици граѓани денеска се собраа пред Владата на Македонија, да го изразат своето незадоволство од непостапувањето на институции во случаите со семејно насилство, па и по повеќе пријави во полиција, жените на крај, бидуваат убиени.

Тие имаат шест конкретни барања:
Шест конкретни барања до институциите:
1. Итно усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, поднесени на 26 август во Собрание најдоцна до 10 декември 2026 година.
2. Финализирање и усвојување на пакетот измени на осум закони, за кои беше формирана работна група во Април 2026 година меѓу кои Законот за полиција и Законот за семејство кои треба да обезбедат поефикасна институционална заштита и подобра координација меѓу полицијата, социјалната заштита, правосудството и другите институции.
3. Обезбедување конкретни буџетски средства во Буџетот за 2027 година, вклучително и најмалку 200 милиони денари за специјализирани услуги за заштита и поддршка на жртвите на насилство и превентивни програми за третман на сторителите.
4. Усвојување и јавно објавување на заклучоците од собраниската надзорна расправа за родово базираното насилство, со конкретни институционални задолженија, рокови и механизми за следење.
5. Повлекување на регресивните измени во: законите за основно образование и учебници за основно и средно образование усвоени во април 2025, упатството за заштита од насилство во основно образование (усвоено јули 2025) и програмата за сексуално образование, со кои е ослабена заштитата од дискриминација, родовата еднаквост и превенцијата од родово базирано насилство, како и враќање на сексуалното образование.
6. Итно утврдување индивидуална и институционална одговорност за сите случаи на фемицид, вклучително и последниот случај со 17-годишната девојка од Богданци. Бараме независни проверки на постапувањето на надлежните институции и конкретни последици за утврдените пропусти.
Гневни и бесни сме на сите кои ја хранат културата на насилство во ова општество, на секое непостапување на полицијата, на секоја пријава која завршува во фиока, на секој повик за надзор, на секое релативизирање на насилството како мал престап, на
обвинителството, судовите и социјалните служби кои имаат одговорност и обврска да стават крај на монструозното фемицидно секојдневие!
Велат: „Доста ни е да живееме во страв во нашите домови, на работните места, на улица!
Во година во која 7 жени беа брутално убиени, а на евидентираните пријави за семејно насилство бележиме 70% пораст (рекордни 1.897 пријави), не смееме да дозволиме секојдневието да продолжи најнормално“, се вели во нивниот повик.
Денеска, пак, на денот на протестот, полицискиот билтен изобилува со пријавени случаи на семејно насилство. (Б.Б.)
Седум пријави за семејно насилство денеска: Тепани сопруги и сопрузи, но и ќерки