Бугарскиот премиер разговарал со Бајден, го уверил во лојалноста на Софија
Службениот бугарски премиер Димитар Главчев го уверил американскиот претседател Џо Бајден дека Бугарија е лојален и сигурен сојузник во НАТО, јави БНР. Двајцата разговараа во рамките на самитот посветен на 75-годишнината од НАТО во Вашингтон.
Од своја страна, шефот на американската држава високо ја ценел улогата на Бугарија на источното крило на Алијансата, додава БНР. Главна тема на состанокот во Вашингтон е поддршката на воената алијанса за Украина, која продолжува да се бори против руската инвазија.
Бугарскиот претседател Румен Радев пред една недела одби да ја предводи делегацијата на состанокот во Вашингтон и повторно се изјасни против воената помош за Украина.
Подоцна стана јасно дека помошта од 80 милиони евра предложена од службениот кабинет за Украина е основата на аргументите за тоа кој да ја претставува Бугарија на самитот на НАТО во Вашингтон.
Првично, претседателот Румен Радев најави желба да оди на форумот, но по долги расправии Владата одлучи бугарската делегација во американската престолнина да ја предводат две лица, шефот на државата и вршител на должноста премиер Димитар Главчев. Потоа, Радев се повлече со образложение дека не го дели ставот на владата за Украина.