Бугарски професор: Опасно e да нѐ владеат луѓе без историска памет


Бугарија ја водат луѓе без историска памет  и знаење, тврди за БГНЕС бугарскиот професор  Пламен Павлов, околу говорот на пратеникот од „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев кој рече дека „РС Македонија треба да ги врати коските на цар Самуил како знак дека е подготвена да ја смени политиката кон Бугарија“.

Смртните останки на Самуил ги открил професорот  Николаос Мукопулос во 1969 година при ископувањата во базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во Преспанското Езеро, а во моментов тие  се наоѓаат во лабораторијата на грчкиот професор во Солун.

„Партијата Промените продолжуваат  прави слични грешки. Пред извесно време, еден од нивните пратеници ги помеша Преспанскиот  договор меѓу РС Македонија и Грција со Договорот за добрососедство и пријателство меѓу РС Македонија и Бугарија. Гледаме и некои наивни постапки како што е откривањето на авиокомпанија или некои други дејствија кои не го решаваат големото прашање меѓу двете земји“, изјави  Павлов.

Тој ги опиша зборовите на Сабрутев како „понижувачки“.

„Понижувачко е да се слушаат вакви работи од пратениците. Згора на тоа, станува збор за елементарни работи што може да се проверат на Гугл. Немам лош однос кон членовите на оваа партијанив, но ваквите пројави на незнаење, на елементарен поим за историја се проблем“, рече  Павлов.

Тој го повика Сабрутев да се извини или барем да ја објасни својата грешка.

„Не треба да правиме ваква збрка меѓу нас, РСМ и Грција. Сите знаат каде се коските на царот Самуил и тие се прикажани на телевизија. Дури и претседателот Росен Плевнелиев им се поклони за време на 1000-годишнината од смртта на царот Самуил“, рече овој експерт за средновековна историја.

 Павлов смета дека коските на цар Самуил треба да бидат во Софија.

„Најдобро е тие да и бидат предадени на Бугарија, а тоа го поддржаа и некои политичари во Грција, како што е поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис“ , велитој. Според него, ваквите изјави повторно даваат основа македонската страна да покаже злобни реакции кон Бугарија и нејзините владетели.

„Овој гаф уште еднаш ја потврдува важноста на образованието“, додаде  Павлов.