Бугарската вицепремиерка е милионерка


 

Зачувани 1.161.058 лева на банкарски сметки на државата пријавила вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел. Премиерот Николај Денков има само 22.348 лева лични средства во банкарски депозити, покажуваат нивните пријави на имотната состојба. 

Премиерот Денков и неговата сопруга лани купиле нов стан за 286.608 лева во Софија и гаража за 35.826 лева. Двајцата поседуваат и друг заеднички стан во главниот град, кој е купен во 2010 година. Станува збор за 112 метри квадратни и чини 95.835 лева. Одделно, неговата сопруга има свој стан во Софија, но и удел во куќа во Панаѓуриште. Тие возат „Пежо“, таа 308,  а тој модел 508. Премиерот поседува и 33,33% од акциите во Priroden design Ltd., која се занимава со производство , преработка и трговија на производи на база на природни екстракти.

Стан во главниот град има и вицепремиерката Марија Габриел. Станува збор за 160 м2 со две паркинг места набавени во 2021 година за 369.335 лева. Заедно со сопругот изнајмува станови во Брисел и во Стразбур за 27.823 лева по договор. Од 2012 година Габриел има автомобил „мерцедес МЛ320“ купен за 49.725 лева, а нејзиниот сопруг вози БМВ 520д за 55.785 лева, купен во 2014 година.

Претседателот Румен Радев пријавил 186.619 лева приход од плата во 2022 година, а неговата сопруга Десислава – 10.600 лева. Шефот на државата чува 198.000 лева во банка и има на располагање 5.000 лева. Неговите вложувања во инвестициски и пензиски фондови се 62.817 лева. 

Сите тројца имаат многу помало богатство од Слави Трифонов, лидерот на Има таков народ, кој вчера пријави заштеди и имот од над десет милиони евра.