Бугарката Марија Габриел е првата еврокомесарка позитивна на КОВИД-19


Еврокомесарката за иновации, истражувања, култура, образование и млади, Марија Габриел, соопшти дека е позитивна на коронавирусот.

“По првиот негативен тест на Ковид-19 во понеделникот, мојот втор тест беше позитивен. Од понеделник јас сум во изолација и ќе останам дома, по утврдената процедура. Грижете се за вашето здравје”, напиша Габриел вчера на Твитер.

Бугарската политичарка е првиот член на Европската комисија заразен со коронавирусот, иако неколкумина од нив објавија дека се во самоизолација, пренесува Политико.еу.

Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајен, и посака на Габриел брзо закрепнување.