Бугарија се доближува кон формирање политичка влада


Во разговорите за формирање влада учествуваат четири партии

 

Чекор по чекор Бугарија се приближува кон формирање регуларна политичка влада по изборите минатата есен. И тоа од актери за кои донеодамна изгледаше дека нема да се здружат.

На заедничка средба меѓу преговарачките тимови на ГЕРБ, Демократска Бугарија, БСП и ИТН денеска се разговараше за предлозите за нацрт-договорот за управување. Ова го соопштија ГЕРБ и ДБ во идентични пораки по средбата што се одржа во Националното собрание.

Предлозите вклучуваат дефинирање на владините приоритети и механизмите за одлучување од страна на идното владејачко мнозинство, јавуваат бугарските медиуми. ГЕРБ и ДБ продолжуваат да излегуваат со исти пораки по тековните средби без да соопштуваат детали за договореното.

На последната средба на 30 декември, двете страни информираа дека ги презентирале своите нацрти за коалициски договор, во кој се вклучени предлози за приоритетите на владеењето на државата, меѓу кои се надминување на кризата во јавните финансии, енергетиката, правдата и борбата против корупција, модернизација на инфраструктурата и механизмот за одлучување меѓу актери за управување.

Точно преди депутатите да излязат в коледна ваканция ГЕРБ и ДБ постигнаха пробив в преговорите и обявиха, че работят проектоспоразумение за съвместно управление.

Со оглед на контроверзноста и акумулираната недоверба, разговорите се одвиваат изненадувачки без проблеми, судејќи според официјалните и неофицијални настапи на учесниците.

Партијата Продолжуваме со промената на поранешниот премиер Кирил Петков, која е коалициски партнер на ДБ, категорично одби какви било преговори со ГЕРБ, бидејќи не го исполниле условот да ја потпишат декларацијата за „санитарен кордон околу контроверзниот олигарх санкциониран според законот магнитски, Дељан Пеевски, и неговата партија ДПС – Нов почеток. ДБ влезе во разговори со идеја да ги вклучи темите од „санитарниот кордон“ во евентуалниот коалициски договор со ГЕРБ.

Претседателот Румен Радев изјави првиот мандат ќе го врачи на почетокот на 2025 година. поради преговорите и божикните и новогодишните празници.