Бугарија и плати на САД 1,2 милијарди долари за осум авиони Ф-16


Бугарија ги плати во целост 1,2 милијарди долари за набавка на осум борбени авиони Ф-16 Блок 70, како и соодветната опрема и вооружување. Со тоа Софија ја исполни обврската по серија договори со САД, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Договорите за набавка на Ф-16 ги потпишаа бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, а Парламентот ги ратификуваше на 26 јули, по неуспешното вето на претседателот на Бугарија Румен Радев.