Бугарија доби најдобри места во Европарламентот од влегувањето во ЕУ
На македонската јавност добро познатиот Андреј Ковачев од ГЕРБ (ЕПП) стана еден од петтемина квестори во Европскиот парламент (задолжени за административни работи), што е највисока функција во законодавното тело за Бугарија од нејзиното влегување во ЕУ во 2007.
Но не е само тоа. Во распределбата на членовите и раковоствата на комисиите, Илхан Ќучук (досегашен известувач за Македонија), стана претседател на правната комисија на Европскиот парламент. Ќучук, член на партијата ДПС, е дел од либералната група во парламентот, Обнови ја Европа. Вкупно петмина од 17-те европратеници од Бугарија добија раководни функции во телата.
Андреј Ковачев е член и на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, а покрај него член е и Станислав Стојанов од националистичката партија Преродба.
Европскиот парламент во тактичка игра успеа да ги блокира претставниците на новата група, Патриоти за Европа, каде членуваат партиите на Марин Лепен и Виктор Орбан, да бидат избрани на раководни места во комисиите. Овој „санитарен кордон“ беше направен заеднички меѓу Европската народна партија, социјалистите, либералите, зелените, конзервативците, но и крајната левица, која доби едно раководно место.