Брзањето може да доведе до лоша вакцина за короната


Од лабораториските испитувања за вакцината за корона во Медицинскиот центар во Сиетл (Фото: Ројтерс)

Многу научници и фармацевти трескавично работата за изнаоѓане вакцина за Ковид-19, но лекарите предупредуваат дека без целосно испитување таа само може да ја влоши болеста и епидемијата

 

Чикаго – Фармацевтите работат што е можно побрзо на развивање на вакцина за борба против распространетиот корона вирус кој зарази повеќе од 100.000 луѓе ширум светот.

Зад сцената, научниците и медицинските експерти се загрижени дека брзањето со вакцината може да заврши со влошување на инфекцијата кај некои пациенти отколку да ја спречи.

Студиите сугерираат дека вакцините против корона вирус носат ризик од она што е познато како зајакнување на вакцините, каде наместо да се заштити од инфекција, вакцината всушност може да ја влоши болеста кога вакцинираната личност е заразена со вирусот. Механизмот што го предизвикува тој ризик не е целосно разбран и е еден камен на сопнување кој го спречува успешниот развој на вакцина против корона вирусот.

Нормално, на истражувачите ќе им требаат месеци за тестови на вакцините кај животните. Со оглед на итноста да се спречи ширењето на короната, некои фармацевтски производители се движат директно кон тестови со мали размери, без да чекаат завршување на вакви тестови на животни.

„Ја разбирам важноста за забрзување на временските рамки за вакцините во целина, но од сè што знам, ова не е вакцината која така треба да се прави“, вели за Ројтерс д-р Питер Хотез, декан на Националната школа за тропска медицина на колеџот за медицина Бајлор.

Хотез работеше на развивање на вакцина за САРС (Тежок акутен респираторен синдром), големата епидемија во 2003 година и откри дека некои вакцинирани животни развиле потешка болест во споредба со невакцинирани животни кога биле изложени на вирусот.

Хотез сведочеше минатата недела ВО Конгресот на САД за потребата од одржливо финансирање за истражување на вакцини. Нема вакцина за ниту еден од новите корона вируси кои предизвикале епидемии во изминатите 20 години.

Барем засега, светските експерти заклучија дека забрзаното тестирање е ризик што вреди да се преземе.

На специјално свиканата средба на Светската здравствена организација (СЗО) кон средината на февруари, наменета за координирање на глобален одговор на новиот корона вирус, научниците што ги претставуваат истражувачките организации финансирани од владите и производителите на лекови од целиот свет се согласија дека заканата е толку голема што развивачите на вакцината треба да ја преселат брзо на човечки испитувања, пред да се заврши тестирањето на животните, изјавија за Ројтерс четири лица кои присуствувале на состанокот.

„Сакате да имате вакцина колку што е можно побргу“, изјави д-р Мари-Паул Киени, поранешен помошник генерален директор на СЗО, која беше копретседавач на состанокот. „Мора да го избалансирате ова со ризикот што го наметнувате на многу мал број луѓе и да направите сѐ за да го намалите овој ризик колку што е можно повеќе“.

 

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) сигнализираше дека е е дел од консензусот и нема да застане на патот за забрзани распореди за тестирање.

Од развивачите на вакцини против корона вирус сè уште се бара да спроведат рутинско тестирање на животни за да се осигурат дека самата вакцина не е токсична и веројатно ќе му помогне на имунолошкиот систем да одговори на вирусот.

Околу 20 вакцини против корона вирус се развиваат од страна на истражувачки институти и фармацевтски производители, вклучувајќи ги американските „Џонсон и Џонсон“ и француската „Санофи“. Американската владата одвои повеќе од три милијарди американски долари за третмани на корона вирус и вакцини.

Биотехнолошката компанија „Модерна“, која работи со Националниот институт за здравство од САД (НИХ) е најблизу до тестирање на луѓе, најавувајќи дека планира да започне програма со 45 лица во Сиетл овој месец.

Тестирањето за специфичниот ризик од засилување на вакцините кај животните ќе продолжи истовремено со човечки испитувања. Но треба да утврди дали е безбедно да се изложат поголем број луѓе на вакцината.

Д-р Грегори Полан, виролог и истражувач за вакцини во клиниката Мајо во Рочестер, Минесота, изрази загриженост за тој пристап. „Ова е важно, но мора да се направи на начин што ќе ги уверува научниците и јавноста дека овие (вакцини) не се само ефикасни, туку и безбедни“, рече тој за Ројтерс.

Хутез рече дека е изненаден дека човечките испитувања одат напред.

За да се намали ризикот за волонтерите, научниците на состанокот на СЗО препорачале а производителите на лекови ги ограничуваат раните клинички испитувања на мали групи на здрави луѓе и да ги спроведат на места каде што не се шири вирусот, според Киени, којa сега работи во францускиот истражувачки институт Индерм. Ова ги намалува шансите луѓето што ја добиваат вакцината да можат да се судрат со вирусот и да предизвикаат потешка реакција.

Трагични лекции од други вакцини и претходната работа на корон авируси кренаа предупредувачки.

Најпознатиот пример се случи во САД во 1960-тите години со вакцина креирана од НИХ и лиценцирана од „Физер“ за борба против респираторниот синситички вирус (РСВ), што предизвикува пневмонија кај новороденчињата. Огромното мнозинство бебиња кои ја примиле вакцината, развиле потешка болест, а две мали деца умреле. Најновиот пример се случи на Филипините, каде околу 800.000 деца беа вакцинирани со денгаваксија вакцината на „Санофи“. Дури после тоа компанијата дозна дека вакцината може да го зголеми ризикот од потешка болест кај мал процент лица.

Истражувањата, вклучително и спроведените од Хотез, покажаа дека корона вирусите имаат потенцијал да создадат ваков вид на одговор. Но, тестирањето за ризик од подобрување на вакцините одзема многу време, затоа што на научниците им е потребно да растат глувци кои се генетски изменети за да одговорат на вирусот како луѓето. Работата на овие и други животински модели само што започнува во неколку лаборатории низ целиот свет. (Ројтерс)