Брук Шилдс откри дека од Џон Ф. Кенеди Помладиот го добила „ најубавиот бакнеж во животот“


Додека беше на шоуто „Хауард Стерн“ на SiriusXM оваа недела,  актерката Бруш Шилдс разговараше за нејзиниот живот и кариера додека го промовираше својот нов документарен филм „Pretty Baby: Brooke Shields“, сега на Hulu. За време на интервјуто, актерката се присети на нејзиниот состанок со Кенеди Помладиот и откри дека бакнежот со него е најдобриот во нејзиниот живот.

Шилдс се сети дека била „толку лудо вљубена“ во Кенеди Помладиот. „Од времето кога имав 3 години“, објаснувајќи: „Мајка ми рече: „Тоа е момчето со кое ќе се омажиш“. 

Таа подоцна го запознала на скијање во Аспен, Колорадо, децении подоцна. Шилдс се присети: „Тој постојано велеше дека личам на неговата мајка, што беше навистина интересно и комплимент, [но] јас исто така велев: „Не знам како да се чувствувам за ова“. И тогаш имавме вистински состанок. И јас не спиев со него затоа што некако премногу го сакав“.

 

Шилдс рече дека состанокот започнал во паб со остатокот од неговото славно семејство, а имало „тепачки во барот и пиење“. „Тој рече: „Сакаш да си одиш одовде? И јас бев како: „Ах, да, сакам да си одам одовде, Џон Кенеди“, се сеќава таа.

„Тој ме бакна, и тоа беше најдобриот бакнеж што сум го имал во мојот живот“, рече Шилдс.

Документарниот филм „Pretty Baby: Brooke Shields“ по премиерата веќе предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Имено, во документарецот за нејзиниот живот, актерката истакна дека никогаш нема да дозволи нејзините деца да учествуваат во „порнографијата“ на која била изложена како детска ѕвезда.

Кога Шилдс имала само 10 години, позирала гола за Плејбој, а нејзината мајка го потпишала договорот од 450 долари.

„Тешко ми беше да ја оправдам мајка ми“, рекла меѓу другото актерката.

Таа имаше 11 години кога глумеше проститутка во филмот „Pretty Baby“ од 1978 година, во кој беше принудена да се бакнува со колегата Кит Карадин, кој тогаш имаше 27 години. Нејзината мајка, Тери Шилдс, наводно стоела и гледала како се одвива сцената додека Карадин ја уверувала детската ѕвезда дека сето тоа е „измислено“.

Трејлерот за „Pretty Baby: Brooke Shields“ започнува со тоа што Брук како тинејџерка ја прашуваат што мисли за „гужвата што се случува околу неа“ додека седи до нејзината мајка.

„Мислам дека е некако забавно“, одговори Брук тогаш, а репортерот и кажа дека таа навистина е „млада дама со прекрасен изглед“ и „убава девојка“.