Бројот на загинати во тајфунот на Филипините се искачи на 142


Бројот на загинати во најсилниот тајфун оваа година кој ги опустоши Филипините порасна на 142, објавија надлежните.

Најмногу починати има во покраината Бохол, сместена на истоимениот остров – дури 72. Гувернерот на оваа покраина предупреди на криза со снабдувањето, па повика на донации за елекртични генератори за да с еовозможи работа на станицата за полнење вода.

На островот Динагат загинаа 10 луѓе, а тамошните власти велат дека уништени се 90-95 отсто од покраината.

Тајфунот Раи

Гувернерката на Динагат, Арлене Баг-ао, тајфунот Раи, го спореди со супертајфунот Хајан, најсилниот во историјата, која на Филипините во 2013 година, однесе 6.300 животи.

Најмалку 18 луѓе загинаа во блиската покраина Западен Негрос, а на островот Цебу животот го изгубија 16 лица.

Во уште осум провинции во средината и на југот од државата загинаа уште 26 лица.

Раи, поради кој евакуирани се 400.000 луѓе, во саботата премина на териотрија на Филипините и се движи кон средишен Виетнам и кинескиот сотров Хаинан.