Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11, две деца се по потекло од БиХ

Универзитетската болница во Грац соопшти дека едно возрасно лице им подлегнало на повредните здобиени во масакрот во училиштето БОРГ, со што бројот на жртвите се искачи на 11.
Меѓу убиените се двајца млади луѓе по потекло од Босна и Херцеговина – 17-годишна студентка со иницијали К.Ј. и девојка Х.А., која почина од повредите.
Во училиштето БОРГ во Грац, утрово се случи масовно пукање, при што загинаа девет лица, а напаѓачот се самоуби. Во масакрот повредени се најмалку 28 лица, меѓу кои ученици и наставници.
Поради масакрот во Австрија е прогласена тридневна национална жалост.