Бројот на жртвите од Ковид-19 во Франција се зголеми за 437, вкупно 23.293 смртни случаи

Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 437 нови смртни случаи од Kовид-19.
Вкупно во болниците и домови за нега на стари лица починале 23.293 лица. Во моментов на болничко лекување се наоѓаат 28.055 лица, од кои 4.608 се тешки случаи и се на интензивна нега.
Бројот на хоспитализираните и на интензивна нега се намали во изминатите 24 часа, шеснаесетти ден по ред има намалување на лицата на кои им е потребна болничка нега.