Бројот на заразени во Шведска е неколкупати поголем од соседните држави


 

Бројот на новозаразени од корона вирус во Шведска од 5 јануари порасна за 12.536, покажаа денешните податоци на Агенцијата за здравје.

Вкупниот број заразени од корона вирус во Шведска е 494.820, пренесе порталот Ворлдометерс.

Во Шведска од 5 јануари забележани се 277 смртни случаи од корона вирус, па вкупниот број починати досега изнесува 9.262, пренесе Ројтерс.

Агенцијата за здравје соопшти дека статистичките податоци за божиќниот период се помалку неточни заради помалку тестирања и доцнење на пријавата на смртните случаи.

Бројот на случаи со корона вирус во Шведска неколкупати е поголем од соседните земји, но е помал отколку во повеќе европски земји кои воведоа затворање.