Извлечени 14 тела од под урнатините во Нови Сад, спасувачките екипи сè уште се на терен

Тројца се во болница во тешка состојба, а двајца уште се под урнатините


Денеска околу 11 часот и 50 минути загинаа 14 лица при уривање на стариот дел од настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, покажуваат последните податоци што ги презентираше Ивица Дачиќ. Таа бројка не е конечна, додаде тој.

На местото веднаш се испратени огромен број амбулантни возила, полиција и пожарникари, а според последните официјални информации, под тешката конструкција која се урнала загинале 14 лица.

Има и голем број повредени лица, а 20-годишна девојка и жена се спасени по повеќе од четири и пол часа поминати под урнатините.

При падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад тешко се повредени граѓани кои биле пред станицата.

Според последните податоци што ги изнесе министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска 13 лица загинаа во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на Железничката станица во Нови Сад.

Дачиќ рече дека две лица се во болница и дека едно лице е во тешка состојба, со оглед на тоа што му е ампутирана ногата. Спасувачките екипи се на терен.

„Двајца сè уште се во болница и преживеаја, иако состојбата на едниот е сериозна, ногата е ампутирана, двајца сè уште се под урнатините. Имаме контакт со две лица, работиме да ги извадиме живи“, рече Дачиќ.

Како што рече директорката на Клиничкиот центар во Војводина, Весна Туркулов, тие се во многу тешка состојба, двајца во моментов се во операциона сала, додека едно лице е на дијагностика.

Градот Нови Сад прогласи Денови на жалост за следните три дена, почнувајќи од утре, 2 ноември.

Дачиќ: Единаесет жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад