Брнабиќ: Ќе ми биде исклучително тешко да продолжам да работам со земјите кои беа спонзори на Резолуцијата за Сребреница
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска оцени дека Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница претставува „пирова победа и фаул на големите западни сили“.
Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница беше усвоена вчера со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.
Брнабиќ за РТС изјави дека Србија покажала како се бори за своите интереси, светот и меѓународното право и не дозволила „нашиот народ да биде жигосан“.
„Се што ќе кажам е доста емотивно… мене лично ќе ми биде исклучително тешко да продолжам да работам со земјите кои беа спонзори и коспонзори на таа резолуција“, додаде таа во изјава за РТС.