Брнабиќ: Би било политички погубно ако Вучиќ поднесе оставка, иако го разбирам како човек
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека може да разбере како човек ако претседателот на државата, Александар Вучиќ размислува да поднесе оставка.
Според неа, со години траат обидите за дестабилизација на земјата, во која тој е изложен на омраза.
-Можев да разберам дека му е доста од тоа. Но, треба да направиме неколку големи работи што им ги ветивме на граѓаните до 2027 година, рече таа за белградски медиуми, пренесе Бета.
Според неа, обидите за дестабилизација на државата траат откако Вучиќ стана премиер на Србија, а потоа и претседател, бидејќи, како што вели, на некои во Србија и во светот им пречи нејзината независна, самоуправна политика.
Таа нагласи дека оттогаш во Србија има протести секоја година, но неодамна таква омраза кон него е „невидена во светската политика“, додавајќи дека опозицијата нема друга програма.