Бритни Спирс пак ќе се лечи од ментални проблеми
САД– Поп-ѕвездата Бритни Спирс (37) се пријави во установа за ментално здравје, поради голема емоционална вознемиреност како резултат на здравствените проблеми на нејзиниот татко.
Во 2007 година таа минуваше низ развод и ја избричи главата пред папараците, сега повторно минува низ емоционална криза.
Состојбата на татко ѝ не е јасна, наводно во јануари му пукнало дебелото црево, па следувала операција за спасување на животот и оттогаш тој не успеал комплетно да закрепне.
Поради стресот од ситуацијата Бритни ќе помине 1 месец во здравствена институција, каде ќе работи на своето ментално здравје.
Спирс страдаше од ментални проблеми пред и во 2007 година кога си ја избричи главата и се пријави во рехабилитационен центар во Малибу. Тогаш минуваше низ развод и доживеа нервен слом, а главата ја избричи пред папараците.