Британски научник: Ќе имаме и по 100.000 нови зарази дневно


 

Научниот советник на британската влада, пред укинувањето на епидемиолошките мерки во Англија, рече дека речиси е извесно оти бројот на новозаразени со Ковид-19 ќе достигне 100.000 дневно, со 1.000 хоспитализирани.

Нил Фергусот, професор на лондонскиот Империјал колеџ и член на научната советодавна група за итни ситуации на британската влада, за Би-би-си вели дека наведените бројки може и двојно да се зголемат, но дека тоа е помалку извесно.

На прашање во која насока земјата ќе се движи по укинување на епидемиолошките мерки Фергусон рече: „Тоа е тешко да се каже со сигурност, но мислам дека 100.000 случаи дневно се речиси извесни“.

„Можно е и околу 1.000 хоспитализирани дневно“

Фергусон истакна дека ублажувањето на мерките се поклопува со почетокот на школските празници, кога контактите меѓу тинејџерите се многу помали.

Иако нагласи дека многу тешко е да се дадат прецизни предвидувања, наведе дека дневно би можеле да има по околу 1.000 пациенти кои ќе бидат примени во болница, поради Ковид.

„Речиси е сигурно дека че има по 100.000 случаи дневно. Вистинското прашање е дали тие бројки двојно ќе се зголемат или уште повеќе? Таа кристална топка повеќе не работи. Може да имаме и две илјади болни во болница дневно и 200.000 новозаразени, но тоа е значитално помалку веројатно“, додава Фергусон.