Британски научник: Имунитетот на стадо повеќе не е можен поради делта сојот


Постигнување на имунитет на стадо не е можно повеќе, со моменталниот делта сој на корона вирусот, изјави шефот на одделот за вакцини на Оксфорд, Ендру Полард.

„Факт е дека вакцините не го сопреа ширењето на вирусот, значи дека можноста за достигнување праг за стварање имунитет на стадо би бил само мит“, додава тој, пренесува „Гардијан“.

Ова не се сипаници и тоа е проблем

Тој смета дека факт е оти вакцините не го сопреа ширењето на короната а тоа значи дека не е достигнат праг за стварање имунитет на стадо.

„Проблемот со вирусот е тоа што не се работи за сипаници. Ако 95 отсто од луѓето се вакцинирани против сипаници, вирусот не може да се пренесе во популацијата“, вели полард.

„Вакцинираните и понатаму ќе се заразуваат со делта, а тоа значи дека секој кој сѐ уште не е вакциниран, кога-тогаш ќе дојде во контакт со вирусот. Засега немаме ништо што во потполност би го сопрело ширењето на вирусот“, додава тој.

Дали ќе примаме трета доза вакцина?

Сегашните вакцини се доста делотворни во превенцијата на тежок облик на болеста и смрт од Ковид-19, но во потполност не ја сопираат можноста од зараза.

Сѐ почесто во последно време се спомнува трета доза вакцина. Полард открива кога тоа може да се случи.

„Ако се зголеми бројот на хоспитализации, тогаш ќе биде време за довакцинирање или во фазата по неа, во која ќе се зголемат бројот починати меѓу оние кои се вакцинирани. А на тоа засега не сведочиме. нема причина за паника во овој момент“, вели Полард.