Британски научници: Расте бројот на заразени, но нeма да има нов бран
Бронот нови случаи со Ковид-19 експоненцијално расте во делови од Англија, најмногу меѓу младите и невакцинирани, објавија научниците, но додаваат дека поради тоа, нема да се случи нов барн на епидемијата.
Студијата, која ја нарачаа британските власти, покажа дека бројот на новозаразени нарасна за 50 отсто од 3 мај до 7 јуни, што се поклопува со ширењето на делта варијантата на корона вирусот, кој е откриен во Индија, а сега доминира во Британија.
Податоците од речиси 110 ијлади тестови на Ковид-19, спореведени низ Англија меѓу 20 мај и 7 јуни, покажуваат дека бројот на случаи се удвојува на секои 11 дена.
Рапидна промена
Резултатите од истражувањето објавени се откако британскиот парламент одобри продолжување на рестриктивните мерки до 19 мај, покрај побуната на членовите на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон околу тоа прашање. Премиерот го спасија лабуристите, кои го поддржаа четири недели долгото одложување на укинувањето на мерките.
Научниците од лондонскиот Империјал колеџ истакаа дека истражувањето откри „рапидна промена“ во изминатите недели меѓу алфа, англиската верзија и онаа индиската.
Повеќе од 90 отсто нови случаи се со делта варијантата, објавија, но додадоа дека државата е во поинаква состојба од онаа минатата есен, кога експоненцијалниот раст покрена втор бран на епидемијата, затоа што со проширување на кампањата на вакцинација ќе се спречи такво сценарио.