Британски научници: Имунитетот на корона вирус драстично паѓа по оздравувањето


Фото: Б. Грданоски

Научниците од лондонскиот колеџ Империјал утврдија дека количината антитела на корона вирус во човечкиот организам драстично опаѓа по оздравувањето од заразата, а антителата се клучни за имунитет на кој и да е вирус.

Истражувачите воочиле дека бројот на оние кои имаат антитела се намалил на 26 отсто од јуни до септември оваа година. Согласно тоа, заклучиле дека имунитет слабее и дека постои можност со вирусот да се зараиме повеќе пати.

Со истражувањето биле опфатени повеќе од 350.000 луѓе во Ангила.Во првиот циклус на истражувањето од почетокот на јули присуството на антитела е уптврдено кај 60 од илјада луѓе. Во последните циклус на истражувањето кое е спроведено во септември тоа било случај само кај 44 од 1.000 лица. Бројот на оние кои имаат антитела од летото до есента е намален за повеќе од четвртина.

„Имунитетот многу брзо опаѓа и по три месеци од првиот сиклус истражувања идентификувавме дека бројот на оние кои имаат антитела се намалил за 26 отсто“. укажува истражувачката Хелен Вард.

Најголем пад се случи кај лицата постари од 65 години и оние кои иаа изразени имптоми, што не беше случај кај луѓето кои се помлади и кои немаа симптоми.

Но, пристуност на поголема количина антитела е воочена кај здравствените работници, а се претпоставува дека причина за тоа е што често се изложени на вирусот.

Вече е потврдено дека се случувало луѓе два пати да се заразат од корона вирус, но здравствените стручњаци се надеваат дека заразата по втор пат ќе биде со поблаги симптоми затоа што очекуваат организмот да има имунолошка меморија, па да знае да се бори со болиеста.

Авторите на ова истражување порачаа дека спознанијата до кои дошле не ја намалуваат делотворноста на вакцината против корона вирус, објави Би-би-си.