Британски министер ќе згрижи дома украински бегалци
Министерот за транспорт во Обединетото Кралство, Грант Шапс, напиша на Твитер дека украинските бегалци можат да останат во неговиот дом додека не биде безбедно да се вратат.
Кабинетот на Грант Шапс денеска ги откри плановите на неговото семејство да прими украински бегалци – откако Даунинг стрит сугерираше дека куќите на руските олигарси во земјата можат да се користат за засолниште на оние што бегаат од трупите на Владимир Путин.
Министерот за транспорт рече дека ќе биде меѓу оние што ќе се регистрираат во програмата „Домови за Украина“, започната утринава за да им се олесни на раселените лица да влезат во Британија.
Поранешниот министер за здравство Мет Хенкок рече дека исто така ќе учествува, дозволувајќи им на бегалците да останат во неговиот дом во изборната единица во Западен Сафолк.
„Ги повикувам сите што можат да помогнат, да се регистрираат и да згрижат семејство што е во очајна потреба“, рече тој.
Даунинг стрит сугерираше дека е можно да се измени законот за да дозволи куќите во сопственост на руските олигарси да се користат за сместување бегалци. Официјалниот портпарол на премиерот рече: „Секако дека тоа е нешто што го разгледуваме“.
Денеска полицијата за немири мораше да го спречи „падот на Белгравија“, куќа од 50 милиони фунти на санкциониран руски олигархшто демонстрантите сакаа да ја заземат за да „здомат украински бегалци“.
Најмалку пет активисти упаднаа на плоштадот „Белгравија 5“ веднаш по полноќ пред да закачат украинско знаме и транспарент на кој пишуваше „Имотот е ослободен“, бидејќи ветија дека ќе останат додека Владимир Путин не стави крај на својата инвазија.
Министерот Шапс живее во Хертфордшир со неговата сопруга Белинда. Тие имаат три деца. Шемата да им се дозволи на британските семејства да ги примат Украинците кои бегаат од војната започнува денеска – но им дозволува да примаат бегалци само ако го знаат нивното име. Британците кои нудат сместување за украинските бегалци ќе добиваат „благодарност“ од 350 фунти месечно. Областите на локалната власт ќе имаат право на повеќе од 10.000 фунти по украински бегалец.