Британија трет ден по ред со нов рекорд – 93.045 нови ковид случаи


Луѓе со макси на улиците на Лондон

 

Велика Британија денеска пријави 93.045 нови случаи на ковид, соборувајќи го дневниот рекорд трет последователен ден.

Пријавени се и 111 нови смртни случаи од ковид и 7.611 пациенти во болница, од кои 875 биле на респиратори.

Тоа доаѓа откако вчера беа пријавени 88.376 нови случаи и 78.610 нови случаи претходниот ден, и двата ги урнаа сите претходни рекорди на пандемијата.

Англија денеска имаше 65 пациенти во болница заболени со варијантата Омикрон, соопшти британската агенција за здравствена безбедност.

Вкупниот број на починати од новата варијанта во Англија останува непроменет и изнесува еден, пренесува Ројтерс.