Британија нема да ѝ ја препушти надворешната политика на други, Трамп нека го работи тоа што мисли
Говорејќи во неделната политичка програма Би-Би-Си, британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, рече дека дека работата на британската влада не е да ја „препушта нашата надворешна политика на други“.
На претседателот на САД е да одлучи што мисли дека е во национален интерес на САД, а тоа е негова работа што треба да ја прави.
Но, наша работа како британска влада е да одлучиме што е во национален интерес на Велика Британија, а тоа не значи едноставно согласување со други земји или препуштањена нашата надворешна политика на други земји.
На прашањето дали Велика Британија е во војна, Купер одговори: „Ние обезбедуваме одбранбена поддршка во конфликт, и тоа е, мислам, начинот да се опише тоа“.
Ивет Купер го избегна прашањето за проблемите во односите меѓу Велика Британија и САД, велејќи дека сè уште постои тесна соработка по низа прашања, иако може да се појават дивергенции, бидејќи таа рече дека не е во британски интерес „беспоговроно да се согласува“ со американската политика.
Таа истакна дека е „важно да се научат лекциите“ од разорната инвазија на Ирак предводена од САД, кога станува збор за Иран.
Нејзините коментари следеа по обновените критики од американскиот претседател, Доналд Трамп, кој очигледно ѝ кажа на Велика Британија дека не ѝ се потребни нејзините носачи на авиони и го обвини британскиот премиер, Кир Стармер, дека се обидува да „се придружи во војни откако веќе сме победиле“, во врска со извештаите дека Велика Британија подготвува носач на авиони како одговор на ескалацијата на конфликтот.
Односите меѓу Вашингтон и Лондон се на најниско ниво, при што Трамп силно го критикуваше Стармер за недостатокот на непосредна поддршка од Велика Британија за нападите на САД и Израел врз Иран.