Британија купува 340 милиони дози од вакцината против корона вирусот


Британската влада обезбеди вкупно 340 милиони дози вакцина против корона вирусот.

Владата денеска објави дека има склучено договори со американските лаборатории Џонсон и Џонсон и Новавакс за набавка на 90 милиони дози на вакцината.

Првата лабораторија ќе обезбеди 30 милиони дози, а втората 60 милиони дози вакцина. Постојат различни вакцини, а нивната набавка е обезбедена кога „ќе ја видат светлината на денот“, изјавиле британските власти.

Велика Британија ќе го кофинансира клиничкото испитување на лабораториската вакцина во Џонсон и Џонсон.

Вакцините може да бидат доставени кон средината на 2021 година и ќе бидат насочени кон населението кое е најмногу изложено на коронавирусот, како што се здравствените работници, возрасните со хронични заболувања и постарите лица.

Британските власти претходно склучија договори со други лаборатории кои ја произведуваат вакцината, така што доколку сите нарачани вакцини се официјално признати, Велика Британија ќе има 340 милиони дози.

Бројот на дозите е многу поголем од популацијата во Велика Британија (околу 66 милиони), но властите изјавија дека решиле да го преземат тој чекор затоа што е рано да се предвиди која од овие вакцини ќе биде ефективна и официјално одобрена.