Британија издаде предупредување за целата земја поради ниските температури


 Британската агенција за здравствена безбедност (УКХСА) издаде предупредување поради ниските температури за цела Англија.

Предупредувањето ќе биде на сила до следната среда, а се предвидува и пораст на  бројот на смртни случаи, особено кај лицата над 65 години и кај оние со постоечки здравствени проблеми, пишува „Скај њуз“.

Шефот на одделот за екстремни временски настани и здравствена заштита на УКХСА, Агостињо Суса, ги повика граѓаните да ги проверуваат своите пријатели, роднини и соседи.