Британец скокнал од вијадукт во Истра и загинал – ќе одговара тој што го поттикнал
Истарската полиција поднесе кривична пријава за 38-годишен маж од областа Ровињ, кој е обвинет дека од вијадукт висок над 120 метри, поттикнал Британец да скокне со падобран, кој загина при скокот во септември годинава.
Пријавениот 38-годишен маж полицијата го товари за кривично дело загрозување живот и имот со општо опасно дело или средство за кое законот предвидува казна затвор до пет години.
Од полицијата велат дека ја завршиле кривичната истрага и утврдиле сомнение дека 38-годишен маж од околината на Ровињ во утринските часови на 8 септември организирал пристигнување на двајца британски државјани на вијадуктот Лимска Драга, а потоа и покрај забраната за движење на пешаците по автопатот, ги донел пеш до вијадуктот и им дал дозвола да скокаат со падобран на неговото земјиште.
Земјиштето кое се наоѓа под вијадуктот, осомничениот го специјално го опремил за слетување со падобран. Откако утрото странските државјани скокнале со падобран, попладнето осомничениот повторно ги поттикнал да скокнат од вијадуктот иако знаел дека се работи за опасен чин.
За време на попладневниот скок, околу 16 часот и 15 минути, 53-годишен државјанин на Велика Британија ја загубил патеката за скокање и се заглавил во дрво, а потоа паднал на карпеста површина и поради повеќе повреди починал при медицинскиот транспорт во болница. .
Против осомничениот хрватски државјанин е поднесена кривична пријава до надлежното државно правобранителство во редовна постапка, соопшти полицијата.