Британците реагираа: Нема докази дека алкохолот влијае на делотворноста на вакцините


 

Нема докази дека алкохолот по вакцинирањето против Ковид-19 влијае на делотворноста на вакцината, објави Британската регулаторна агенција за лекови МХРА, која реагираше по тврдењата на социјалните мрежи дека е потребно да се воздржите од алкохол две недели по вакцинацијата.

„Засега нема доказ дека алкохолот влијае на делотворноста на вакцината против ковид“, соопштија од МХРА.

Исто така, ништо во информациите на производителите на вакцини, ниту во упатствата на Британската здравстван служба не упатува на таков заклучок.

Се смета дека теоријата за две недели апстиненција од алкохол по вакцинацијата тргна од Русија, каде еден од водечките луѓе јавно предупреди дека алкохолот може да наштети на способноста на организмот да развие антитела.

Илхем Месуди, директорка на центарот за истражување на вируси на калифорнискиот универзитет, вечи дека обилна конзумација на алкохол воопштено го нарушува имунолошкиот систем и конзументот го прави ранлив на инфекции.

„Но кај лицата кои алкохол конзумираат во умерени количини, не постои никаков ризик“, вели таа, појаснувајќи дека под умерена конзумација се сметаат не повеќе од два алкохолни пијалоци дневно за мажи и еден за жени.