Брендовите на Фешн Груп со нови колекции кои модно ќе ве загреат оваа есен-зима 22 (галерија)
Температурите паѓаат, затоа е време да го обновите вашиот гардеробер со впечатливи есенски бои, а синото и жолтото се она што ви е потребно за да изгледате незаборавно во секоја прилика. За мажите пак оваа сезона се враќа трендот на храбри комбинации во секогаш посакуваната црвена и розева боја.
![]()
-Оваа есен во нашите продавници во моловите Ист Гејт и Сити Мол пристигна новата модна сензација каде се осврнуваме на колоритните комбинации со кои без сомнеж нема да останете незабележани. Освежете го вашиот гардеробер со ултра модерни парчиња за вас и вашите најблиските, кои може да ги најдете и онлајн во нашиот e-shop fashiongroup.com.mk или на бесплатната апликација.“ вели тимот од Fashion Group.
![]()
Време е да си поиграте со темпераментниот и ведар дух на боите за да ја развеселите есента.
![]()
Бидете забележани на секое вечерно излегување во новите парчиња на Desigual, уникатната жолта јакна и здолниште искомбинирајте ги со потпетици Steve Madden во индиго сина боја од новата колекција достапна во продавниците на Fashion&Friends.
![]()
Женствениот предзнак е секогаш нагласен, најчесто преку изборот на елегантни модни додатоци од накитот од Parfois.
![]()
За дневните прошетки или пак кафе со пријателите уживајте во елегатната конфорност на пантолони и кошули на италијанскиот бренд Dan John, а навечер оставете силен впечаток во розовото Bitsiani палто.
![]()
Springfiled чизмите се “must“ парче кое треба да го обновите во вашиот ормар на кои буквално секоја девојка не може да им одолее.
![]()
За сите урбани и лежерни комбинации секогаш нашиот прв избор би бил SuperDry. Додека пак за најмалите ги имате веселите парчиња на Okaidi, Mango kids и неодоливата детска колекција на Guess.
![]()
Во вашата омилена мултибренд продавница Fashion&Friends ве очекуваат сите фаворити за оваа сезона.
![]()
Оваа есен, заблескајте во сите шик модели со Fashion group! Ви ветуваме дека и оваа сезона со себе ќе донесе посебна магија и супер стилски денови со нашите брендови.
![]()
Фотографиите од сесијата се направени од Бојан Стоилковски во продукција на Fashion Group.
(пи-ар објава)
![]()