Брендот А1 една година на македонскиот пазар
Телекомуникациската компанија „А1 Македонија“ одбележува значаен дел од своето работење – една година присуство на брендот А1 на македонскиот пазар. Овој важен момент од работењето, компанијата го прославува заедно со своите корисници и подарува 10GB мобилен интернет за сите, достапни за користење преку Мојот А1 апликацијата, соопшти компанијата.
Во правец на постојано збогатување на понудата, за првиот роденден на А1 брендот, А1 Македонија ги лансира новите Combo тарифни модели, како најдобра конвергентна понуда на македонскиот пазар, со нови мобилни тарифи и уште повеќе поволности. Со спојување на фиксните услуги, како интернет и телевизија, заедно со мобилната телефонија во еден Combo пакет, корисниците добиваат уште поголеми придобивки, како значителна заштеда, дополнителен буџет за набавка на нов уред и врвно корисничко искуство.
„Една година од своето постоење, А1 брендот живее буквално насекаде каде што се нашите корисници. Работиме посветено кон реализација на визијата да бидеме лидер на телекомуникацискиот пазар преку овозможување на врвни услуги, искористувајќи ги предностите на дигиталното време. Ова беше поинаква година за сите нас, исполнета со многу предизвици, но успеавме да се адаптираме, да одговоривме брзо и да бидеме поддршка во обезбедувањето витална услуга за нашите корисници, толку неопходна во овие исклучително тешки моменти. Се грижиме да ги насочиме кон најдобрите паметни решенија кои секојдневните активности им ги прават поедноставни, го заштедуваат нивното време и овозможуваат уште повеќе забава и комуникација. Нашите корисници остануваат секогаш наша инспирација и ве уверувам дека и понатаму продолжуваме со истото темпо и посветеност, да работиме во креирањето на најдобрите услуги и обезбедување на врвно корисничко искуство.“ – изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.