Бред Пит втор најуспешен инвеститор во недвижности меѓу славните во САД


Лос Анџелес – Додека обожавателите се занимаваат со судските случаи меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит, глумецот е актуелен и на пазарот за недвижнини. Имено, покрај глумата, тој остварува значителна заработка и со недвижности во кои вложува со години.

Се проценува дека Пит денес поседува недвижен имот вреден вкупно 72 милиони долари. Умешноста на Бред со недвижнини се согледа кога тој го продаде семејниот имот во 2023 година за 33 милиони долари. Тоа е местото каде што Бред Пит и Анџелина Џоли ги одгледаа своите шест деца. Комплексот тој почнал да го обликува пред повеќе од 30 години, кога ја купил вилата од Касандра Петерсон за 1,7 милиони долари. На крајот имотот е проширен на пет куќи и земјиште со скејт парк, тајна пештера и три базени.

Пред неколку години, тој купи три студија од својот пријател, британскиот скулптор Томас Хаусаг, во трендовската населба Фрогтаун во Лос Анџелес.

Оваа, некогаш индустриска област, сега е речиси совршено собиралиште за уметниците. Пит прво во април купил две споени парцели за 4.095.000 долари, по што ја купил и зградата од другата страна за 2.933.500 долари. Во јули 2022 година, тој го купи „Сиворд“, некогашниот дом на американскиот писател Д.Л. Џејмс во Кармел, Калифорнија, за 40 милиони долари.

Затоа правните битки на Бред и Анџелина сега се прошируваат и на заедничките деловни потфати, како што е француската винарија „Миравал“… Купен 2011 година, за 60 милиони долари, имотот од 1.000 хектари сега е во средиштето на нивните спорови.

Во 2023 година, Бред заработил околу 31,3 милиони долари, што го прави вториот најуспешен инвеститор во недвижности меѓу познатите личности во САД. Само Марк Волберг, кој ја продаде својата куќа во Јужна Калифорнија за 55 милиони долари, заработил повеќе.