Бред Пит ги покажа своите скулптури: Да видам каде сум згрешил во односите, каде сум соучесник
Финска– Бред Пит првпат јавно ги покажа своите скулптури во рамките на изложба што се одржува во финскиот град Тампере.
„Ова е првпат самоукиот американски актер да ги презентира своите скулптури во јавност“, соопшти Музејот на уметноста „Сара Хилден“.
Педесет и осумгодишниот Пит ги изненади присутните кога се појави на отворањето на изложбата на британскиот уметник Томас Хаусагоу за да ги претстави своите скулптури, покрај керамичките дела на австралискиот музичар Ник Кејв.
„За Ник и мене ова е нов свет, првпат влегуваме во него“, изјави Пит.
Тој се претставува со девет дела на изложбата, а неговото учество претходно не беше најавено.
„За мене, ова е саморефлексија, да видам каде сум згрешил во односите, каде сум соучесник. Ова произлезе од она што јас го нарекувам радикален попис на себеси. Брутално сум искрен со себеси и ги земам предвид оние што можеби сум ги повредил“, кажа Пит, кој почнал да се занимава со уметност во 2017 година, по разводот од Анџелина Џоли.
Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари, 2023.
Brad Pitt makes surprise debut as a sculptor at Finland art gallery https://t.co/iOJPuTc5G3
— The Guardian (@guardian) September 20, 2022
Актерот Бред Пит претходно ја изненади јавноста со своите модни изданија за време на европската турнеја на нобвиот филм „Брз како куршум“ и како продуцент на „Русокоса“ на Канскиот филмски фестивал.