Бразилскиот претседател го поддржува Трамп: Сличен хаос може да се случи и кај нас


 

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го поддржа американскиот претседател Доналд Трамп во неговите тврдења за неправилности на претседателските избори во САД.

Тој предупреди дека сличен хаос, што се случи синоќа во Вашингтон, може да се случи и на изборите во Бразил следната година.

Болсонаро, инаку, го носи прекарот „тропски Трамп“.

„Проблемот кој ја предизвика кризата е недостаток на доверба во изборите. Се определија за гласање по пошта поради пандемијата и некои луѓе гласаа по три, четири пати. Гласаа и мртвите. Тпа можеа да го направат сите и тоа никој не може да го оспори“, истакна Болсонаро во обраќањето на приврзаниците пред претседателската палата.

Инаку надлежните од изборните служби, американските држави и судови ги отфрлија тврдењата на трамп за неправилности. Многу функционери од администрацијата на трамп денеска дадоа откази.