Бранко „Коцкица“ сакал да влезе со нож во белградското собрание
Србија- Актерот Бранко Миличевиќ, попознат како Бранко Коцкица, со нож во чантата се обидел да влезе на седницата на градското собрание на Белград.
Вести пишуваат дека поранешниот водител заборавил на т.н швајцарски армиски нож во чантата, а обезбедувањето го задржало до крајот на седницата.
Тој за локалните медиуми изјавил дека поминувајќи низ детекторот за метал заборавил да го извади швајцарскиот армиски нож од џебот. Ножот бил задржан до крајот на седницата и на крајот му бил вратен.
Бранко Коцкица ги водеше најпопуларните детски ТВ-емисии во 70-тите и 80-тите години.
Денеска е пратеник во градското собрание на Белград.