Босна и Херцеговина забележа 1.077 новозаразени со Ковид-19, починаа 69 пациенти

Во последните 24 часа во Босна и Херцегвоина на корона висрус тестирани се 3.642 примероци, а позитивни биле 1.077, починаа 69 лица.
Во Федерацијата тестирани се 2.518 примероци, а 690 биле позитивни
Досега се тестирани 295.202 примероци, а корона вирусот е потврден кај 61.721 лица.
До денеска излечени се 41.598 пациенти, а активни се 18.380 случаи.
Пријавени се 37 смртни случаи или вкупно 1.743.
Во Република Српска 979 се тестирани, а кај 322 лица е потврден вирусот.
Пријавени се 28 смртни случаи или вкупно 1.240.
Досега од Ковид-19 заболеле 32.176, а оздравеле 17.648. тестирани се 138.897.
Во Брчко регистрирани се 65 нови случаи од 145 тестирани.
Починаа четворица пациенти.