Босна и Херцеговина со 526 новозаразени и 24 починати
Властите во БиХ денеска најавија дека наскоро ќе ја добијат првата испорака на еднодозните вакцини „Џонсон и Џонсон“, за да ја забрзаат борбата против епидемијата со корона вирус, од што денеска починаа 24 пациенти.
Според извештаите, денеска се регистрирани 526 новозаразени, а починаа 24 лица. БиХ е прва во Европа по број на починати од Ковид-19 на примерок од 100.000 жители.
Министерството за цивилни работи соопшти дека до средината на ноември БиХ треба да добие 50.400 дози од вакцините „Џонсон и Џонсон“ против корона вирусот, преку Ковакс миеханизмот. Ова е прв пат БиХ да добие еднодозна вакцина против Ковид-19.