Боровинките го решаваат проблемот што го има секој втор човек, почнете што поскоро да ги јадете


Високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми меѓу граѓаните, но едно овошје може да помогне во регулирање на крвниот притисок.

Станува збор за боровинки, овошје за кое е докажано дека штити од срцеви заболувања поради полифенолите што ги содржи.

Постојат сè поголеми доказ дека боровинките можат да го подобрат кардиоваскуларното здравје. Тие содржат важни витамини како Ц, К, манган и калиум, а исто така се важен извор на влакна.

Микроелементите и влакната што се наоѓаат во боровинките, како и полифенолите, се одлична превенција од срцеви заболувања.

Боровинките содржат околу 25 различни антоцијанини. Патем, една студија покажа дека антоцијанините се клучна состојка за намалување на кардиоваскуларниот ризик.

Покрај тоа, антоцијанините помагаат во намалување на високиот крвен притисок, според истражувањето спроведено на Харвард. А, високиот крвен притисок е, патем, еден од најголемите фактори за срцеви заболувања подоцна во животот.