Борко Ристовски ќе биде првиот министер за спорт


Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски ќе биде министер за спорт во новото министерство на Владата на Р. Македонија. По две децении, Македонија повторно ќе има Министерство за спорт, кое треба да го врати напредокот во спортот, кој сериозно влезе во криза во последните години.

Новиот Премиер на Владата, Христијан Мицкоски, ги соопшти предлозите за новите министерски места, а таму во Министерството за Спорт предлог е Борко Ристовски.

По назначувањето за министер, Ристовски ќе мора да ја напушти функцијата Извршен директор на ракометниот клуб Вардар.