Борисов ги мерка фондовите, а не проширувањето

ГЕРБ сака бугарскиот еврокомесар да управува со Фондот за регхионален развој на ЕУ каде што оди една третина од буџетот на Унијата


Според неколку луѓе запознаени со договарањата во Брисел, Бугарија би сакала поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева да биде комесарка за регионална и кохезиона политика, што би ѝ овозможило надзор над Европскиот фонд за регионален развој, кој сочинува една третина од буџетот на ЕУ.

„Екатерина Захариева има големо искуство. Таа е позната во Брисел. Мислам дека она што партијата го предложи е добра кандидатура“, рече Борисов на прес-конференција во четвртокот.

Либералната партија „Продолжуваме со промените“ (ПП-ДБ), позната по својата антикорупциска агенда, сака Јулијан Попов, до неодамна министер за животна средина и вода, да биде комесар. Попов беше и политички советник за Централна и Источна Европа во Европската климатска фондација.Водачот на партијата Кирил Петков, поранешен премиер, изјави за ПОЛИТИКО дека се надева дека Попов може да го добие бараното енергетско портфолио за Бугарија, како познат експерт во таа област.

Дипломат кој доби анонимност поради чувствителноста на темата, изјави за ПОЛИТИКО дека Франција неофицијално се изјаснила дека ќе ја поддржи Бугарија да го добие ресорот енергетика бидејќи сака да ја засили нејзината про-нуклеарна позиција.

Инаку, во средата беше најавено дека бугарските гласачи повторно ќе излезат на гласање на крајот на октомври, што ќе бидат седми парламентарни избори за три години.Неодамнешното истражување на Фондацијата за истражување Алфа во Софија откри дека речиси една третина од Бугарите се склони кон авторитарно владеење, вклучително и комунизам или воено владеење. Истражувачите веруваат дека растечкото прифаќање на авторитаризмот е поради долготрајната политичка нестабилност по повторените неубедливи избори.  Според локалните медиуми, Бугарија потрошила речиси 260 милиони евра за парламентарни избори, вклучително и за ЕУ, за само три години.