Болницата „8 Септември“ во Скопје и болницата во Битола стануваат центри за прифаќање болни од ковид-19

Болницата „8 Септември“ која до сега се користеше за заболени од корона вирус, но имаа потреба од други здравствени услуги, од денеска функционира како болница за прифаќање заразени од ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека таму на располагање се 110 кревети.
Исто така, појасни дека мобилната болница може да се стави во функција, затоа што таа е потполно опремена, а фали само сувата врска со инфективното одделение на Клинички центар.
Најави и дека болницата во Битола станува регионален центар за прифаќање заболени од ковид-19.
Тој рече дека секаде во светот, па и кај нас има заболени здравствени работници.
Така, во Македонија заболени се 52 здравствени работници, од кои 34 во болнички услови. Некаде има заболени и лекари, како во болницата во Куманово, па таму се препратени лекари од Штип и од Скопје.