Болницата „8 Септември“ ќе прифаќа пациенти со Ковид-19 на кои им треба и друг третман

Во болницата „Септември“ денеска се направени услови да се примаат пациенти кои се заболени од корона вирус, но имаат потреба и од други интервенции, како хируршки на пример, соопшти министерот Венко Филипче на попладневната прес-конференција.
Тој рече дека опремиле една хируршка сала, една ангиографска, и цело одделение со 22 кревети каде може да се сместуваат ваквите болни.
Во Дебар, утре ќе замине уште еден пулмолог и уште еден педијатар, со оглед на тоа што дебарските педијатри се дијагностицирани со корона вирусот, информира Филипче.
Најави дека следните денови ќе се направи план за да се активира целиот јавен здравствен систем на територија на Скопје во служба на заразата со корона вирус.